Туристичката сезона во Бугарија почна, каде е персоналот?
На хотелиерите во Бугарија ќе им требаат и работници од странство.
Информациите од Агенцијата за вработување покажуваат дека објавените работни места на Црното Море се 8.000.
Едвај 1000 од овие 8.000 работни места се потполнети кон средината на месец мај. Најбарани се хигиеничарки, келнери, готвачи, бармени и администратори во хотел.
Секој втор објект во Сончев Брег бара персонал, пишуваат бугарските медиуми.
На север многу од работодавците ќе вработат луѓе без оглед на квалитетот, само за да имаат работници. Во туризмот Бугарите се подготвени да ангажираат работна сила и од друга земја.
Слично
