ТУРИСТИЧКАТА СЕЗОНА НА УДАР: Турција ги губи туристите од Европа
Асоцијацијата на хотелиери во Турција очекува драстичен пад на туристите од европските земји поради политичките тензии меѓу Брисел и Анкара, пишува весникот The Hurriyet.
„Во оваа година очекуваме драстичен пад на бројот на туристи од европскиот пазар, главно од Германија, Австрија, Белгија, Франција, Шпанија и Италија поради континуираната загриженост и политички тензии. Но пораст на побарувачката од Блискиот Исток, Иран и Русија исто така се очекува во 2017 година“, изјавил претседателот на асоцијацијата.
Од водечката асоцијација во секторот појасниле дека туристичкиот сектор во Турција продолжува да ги губи германските клиенти, кои претпочитаат посети во други земји како Шпанија, Грција, Бугарија и Хрватска.
Сепак хотелиерите се надеваат на резервации од Германците, направени во последната минута.
