Туристичката сезона бележи раст, Охрид-полупразен?!
Во екот на сезоната убавиот Охрид е речиси полупразен. Еден од причинителите за ваквата состојба според домаќините-охриѓани се временските услови а додека граѓаните сметаат дека треба да се обрне внимание повеќе на ценовната политика.
Иако најголемиот македонски туристички центар очекува враќање на македонските туристи во Охрид, работите не одат во таа насока поради „набилданите цени“ на услугите.
Македонските граѓани летово се повеќе се одлучуваат да заминат на летување во соседните земји а приматот го имаат Грција и Бугарија.
За разлика од овие земји, Македонија пак најмногу туристи бележи од Турција, Србија, Холандија, поретко од Грција и Бугарија.
Како што информираат од Агенцијата за промоција и подршка на туризмот бројот на туристи оваа година бележи континуиран раст.
Директорот на агенцијата за промоција на туризмот Џамбазовски е задоволен од резултатите на реализираните кампањи и смета дека угостителите и концесионерите на плажи треба да направат подлабока анализа дали нивните услуги се конкурентни со оние од соседството.
Според податоците објавени од Државниот завод за статистика, бројот на странски туристи во јули е зголемен за 10,3 проценти, а за 13,1 отсто е намален кај домашните туристи во однос на истиот период лани. Во периодот јануари-јули во однос на истиот период од минатата година, бројот на туристи е зголемен за 2,8 проценти, додека бројот на ноќевањата остана на исто ниво.
