Економија, финансии, бизнис

Контакт

Туристи во Грција мета на крадци

Туристи во Грција мета на крадци

Српски туристи кои летувале во Никити во Грција се ограбени во својот апартман, кога разбојници им се протнале под ролетните и им украле два мобилни телеони и фото апарат.

Туристите станале лесна мета на крадците најверојатно затоа што во апартманот не им работела климата, па спиеле со отворен прозорец.

Сличен случај имало и во Пефкохори, каде момче се преправало дека лежи на плажа, а всушност прислушкува што зборуваат туристите, па така наслушнал дека некоја жена купила бунда, по што истата е украдена.  Вечерта жената и нејзиниот сопруг биле ограбени во нивниот апартман.

Неодамна српските медиуми пишуваа дека нивните граѓани треба да внимаваат да не бидат ограбени додека се на одмор во Грција. 

Слично

Поврзани вести