ТУРЦИТЕ СЕГА НЕ СЕ НАЈБРОЈНИ ТУРИСТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во март има промени на состојбата
Најмногу странски туристи во март дошле од Германија, вкупно 9.645, по што следат Турција со 9.090, Франција со 4.945 и Србија со 3.955 туристи.
Во март се регистрирани 73.921 туристи кои оствариле 134.233 ноќевања, објави Државниот завод за статистика(ДЗС).
Според овие податоци од вкупниот број туристи, 19,7 отсто се домашни, а 80,3 отсто се странски туристи. Учеството во бројот на ноќевањата на домашните туристи е 26,5 отсто, а на странските 73,5 отсто.
Во периодот јануари – март 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 5,2 отсто, односно кај домашните туристи има зголемување за 1,3 отсто, а кај странските има зголемување за 6,9 отсто. Вкупниот број на ноќевањата, пак, е намален за 0,3 отсто така што кај домашните туристи има намалување за 1,2 отсто, а кај странските има зголемување за 0,2 отсто.
foto printskrin youtube
