Турците се најчести гости во земјава, по нив се Србите, Холанѓаните и Грците!
Во првите шест месеци од годинава во Македонија имало 269 648 туристи, од кои 173 477 се странски, а останатите домашни. Во однос на истиот период од минатата година, има раст на бројот на туристи за 6,1 %. Само во јуни во земјава имало 67 822 туристи од кои 46 303 се странски, а останатите се домашни туристи. Во однос на јуни минатата година има зголемување на бројот на туристи за 7,3%.

Турските туристи во јуни биле најбројни во земјава. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика во Македонија во јуни имало од 9 534 туристи од Турција. Следни на листата најбројни туристи биле гостите од Србија - 4 764, потоа Холандија - 4 144,а од Грција во земјава дошле 4060 туристи. Далеку помалубројни биле гостите од Бугарија, од каде во јуни пристигнале 1 847 туристи, потоа од Хрватска имало 1 602 гости, од Полска во земјава дошле 1 559 туристи, од Словенија имало 1 394 гости , од САД пристигнале 1 222, а од Германија во јуни имало 1 164 туристи во Македонија.
Најмалку туристи во Македонија имало од Малта - 4, од Белорусија- 9 , исто толку имало и до Исланд, а од Јужна Африка во земјава во јуни имало 12 туристи.
Во најголем дел странските туристи престојувале во турстичките места, (исклучувајќи ги планинските и бањските места) и во Скопје. Странците најмногу се сместувале во хотелите, особено во оние со четири и три звездички. Од вкупно 46 303 странски туристи, 42 448 престојувале во хотелите во земјава. Додека, од домашните туристи само половината ги посетиле хотелите односно од вкупно 21 519 домашни туристи во хотелите низ земјава биле сместени 11 905, добар дел од домашните туристи ги користеле куќи, станови за одмор и соби кои се издаваат.
Министерот Сарачини во врска со статистичките показатели за бројот на туристите, рече дека до мај годинава е забележан пораст на странските туристи за 25 отсто и кај домашните за 11 проценти.
„Не се задоволуваме со овие податоци за порастот на туристите, бидејќи сметаме дека Македонија има голем потенцијал да стане атрактивна туристичка дестинација. На овој план треба да се преземат дополнителни мерки, инвестиции за подобри патишта и за оние што претстојуваат кај нас, како и за оние што транзитираат. Со субвенционирање во оваа сфера почнавме пред две години кога беа обезбедени 60 милиони денари или 1 милион евра и тоа веќе ги дава резултатите. Размислуваме за проширување на списокот на земји кои можат да аплицираат за овие субвенции“, нагласи Сарачини.

Слично