Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турците протестираа поради новите неславни рекорди на лирата која паѓа

Турците протестираа поради новите неславни рекорди на лирата која паѓа

Турција е на нозе поради уште еден голем пад на вредноста на лирата за прв пат во последните 20 години. 

Протести имаше во Истанбул и Анкара, на кои демонстрантите побараа оставка на владата и отстранување на партијата на правдата и развојот. 

Турската лира  денеска постигна нов неславен рекорд паѓајќи од 11, 37  на 13, 21  лири за долар. Аналитичарката Арда Тунџа изјавила дека ова е најголем пад, најголем за последните 20 години. Овие случувања се актуелни откако Турската Централна Банка го намали процентот на каматата до 15 отсто, а вчера претседателот Реџеп Таип Ердоган повика на натамошно намалување на каматата. Лирата имаше намалување на вредноста последните неколку години. 

Слично

Поврзани вести