Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТУРЦИТЕ ПОВТОРНО ЈА „ОСВОЈУВААТ“ МАКЕДОНИЈА, најбројни заедно со посетителите од соседството

ТУРЦИТЕ ПОВТОРНО ЈА „ОСВОЈУВААТ“ МАКЕДОНИЈА, најбројни заедно со посетителите од соседството

Бројот на туристи кои ја посетуваат нашата земаја полека се враќа. Туристичкиот сектор во земајва го доживеа најголемиот удар од пандемијата, како и целиот свет, но повратот на туристите не се одвива со посакуваното темпо.

Последните податоци на Државниот завод за статистика откриваат дека бројот на туристите во септември 2022 година изнесува 103.787, од кои 32,9 отсто се домашни туристи, а 67,1 процент се странски туристи.

Од извештајот кој го објави ДЗС може да се забележи дека во септември биле регистрирани над 200 илјади ноќавања, при што повеќето се странски посетители.

-  Бројот на ноќевањата во септември 2022 година изнесува 221.927, од кои 36,9 отсто се од домашните туристи, а 63,1 процент од странските туристи. Во периодот јануари – септември 2022 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 37 отсто, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 4,3 проценти, а кај странските зголемувањето е за 88,2 отсто.Во периодот јануари – септември 2022 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 21,3 проценти, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2,4 отсто, а кај странските зголемувањето е за 76,2 отсто – се наведува во извештајот на ДЗС.

Податоците на државниот статистички центар покажуваат дека најголем дел од туристите кои ја посетиле нашата земја во текот на месец септември ни доаѓаат од Турција.

Според евиденцијата на ДЗС од Турција имаме 11.187 посетители. По бројноста на туристите, веднаш зад нив се соседите од Србија, од каде не посетиле 7.619 лица.

Потоа следуват традицоналните гости од Полска, од каде дошле 4.647 туристи, па од Германија 4.314 посетители. Од соседна Бугарија во текот на септември не посетиле 2.900 лица, а нешто помалку или 2.758 лица биле во туристичка посета на земајва од Соединетите Американски држави. Од соседна Грција не посетиле 2.485 граѓани, додека од Романија 2.183. Од поранешната југословенска земја Словенија во септември во земјава престојувале 2.151 граѓанин, а од соседна Албанија 1.810 лица.

Бројките покажуваат дека турските граѓани биле најбројни туристи и претходните месеци, па така во текот на месец август не посетиле 11.017 лица, додека пак во јули пристигнале 12.841 лице.

За упатените во туристичкиот сектор растот на туристите од Турција, но и фактот дека меѓу побројните посетители се пред се граѓаните од соседството воопшто не е за изненадување.

Туризмологот Зоран Николовски за Фактор појаснува дека вообичаено е во стратегиите за привлекување туристи да се насочат силите кон земјите во соседството поради близината.

- Нашата промотивна програма е насочена кон привлекување на туристи од земјите во соседството кои се всушност првиот прстен, прва дестинација за привлекување посетитители и според стратегиите и според науката. Тие се најблиску до земајта, и нив најмнгоу можеме да ги привлечеме. Втор прстен за привлекувења туристи се земјите од Европа, додека трет прстен би бил светот, или туристи од целиот свет. Но бидејќи сме мала и сиромашна земја тешко дека можеме да привлечеме туристи од цел свет, немаме пари за привлекување на туристи од целиот свет – вели Николовски, специјалист во туристички развој, и магистер по маркетинг и брендирање.

Тој дополнува дека туристите од околината, соседните земји и земјите до нив, или оние кои се блиску до нас, како што е Труција ни се најчести, поради близината.

-  Овие месеци доминираат туристите од Турција, претходно тоа биле гостите од Бугарија или Србија. Од година во година се менува состојбата, но тие се најбlиску географски и тие најчесто може да не посетуваат. Дополнително меѓу најбројните гости ни биле и Полјаците и Холанѓаните кои ги привлековме на поинаков начин, со помош на промоција и субвенционирани чартер летови – појаснува Николовски.

Според него недостигаат реклами за промоција на земајта, кои не мроа да се насочени само кон туризмот, туку општо кон промоција на земјaта, за да се привлечат посетители кои ќе доаѓаат да не посетат, туристички, но и со други цели.

-  Немаме реклами за промоција, не само туристички, туку никакви раклами, никави промоции... Како некој ќе дојде да не посети или да инвестира во нашата земја ако не слушне за нас. Ние треба да ги привлечеме, не да чекаме да дојдат сами ... Затоа мора да се рекламираме, да покажеме што имаме. Нон сенс е да нема никаква промоција. Претходно беше критикувана промотивната кампања, се трошеле премногу средства, но сега ова да не се инвестира воопшто во реклами не е разумно – појаснува Николовски.

Петранка Огнаноска

Слично

Поврзани вести