ТУРЦИТЕ ОТВОРААТ ФАБРИКА ВО ВРАЊЕ „Теклас“ почнува со производство во поранешната хала на „Геокс“
„Теклас“ до крајот на годинава или на почетокот на следната година ќе ја отвори фабриката за кабли во автомобилската индустрија во халата на поранешната фабрика „Геокс“ во Врање, во која веднаш би се вработиле најмалку 350 работници, потврдија повеќе извори блиски до Владата на Србија.
Во фабриката „Теклас“ во Владичин Хан
моментално работат околу 1.200 работници, од кои околу триста се вработиле од
Врање со просечна плата од околу 50.000 динари, пишува „Данас“. Станува збор за работниците од затворената
фабрика на италијанската компанија за производство на обувки Geox.
Слично
