Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТУРЦИТЕ НЕМААТ МИР: Денеска нов земјотрес

ТУРЦИТЕ НЕМААТ МИР: Денеска нов земјотрес

Нов земјотрес денеска ја погоди Турција по вчерашниот. 

Потресот со јачина од 5,5 степени, го погоди северот на Турција. 

Епицентарот бил во градот Саруханли, во провинцијата Маниса, на длабочина од девет километри. 

Информативниот канал Хабер Турк објави дека земјотресот е почувствуван и во областите во близина на Измир, Ајдин и Мугла.

Градоначалникот Бесим Дутлулу изјави за каналот Хабер Турк дека граѓаните ги напуштиле своите домови во паника, но дека, колку што се информирани, никој не е повреден.

Земјотрес од 5,4 степени вчера ја погоди источната провинција Ван, на границата со Иран, при што беа повредени пет лица, а беа уништени и многу домови. 

Луѓето се повредиле додека бегале. 

Слично

Поврзани вести