Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турците ќе ја произведуваат Спутник V?

Турците ќе ја произведуваат Спутник V?

Руската вакцина ќе се испорачува, a можеби и ќе се произведува во Турција. 

Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган денеска имаат телефонски разговор, при што договорија испорака на руската вакцина. Тие разговараа и за можно производство на таа вакцина во Турција, информира Кремљ.

Турција претходно објави дека е подготвена да ја регистрира руската вакцина против Ковид- 19, Спутник V доколку ги мине локалните токсиколошки тестови. Претставник на Рускиот фонд за директни инвестиции претходно за ТАСС изјави дека е постигнат договор со водечка турска фармацевтска компанија за производство на руската вакцина во Турција. Фондот објави дека започнал процесот на пренесување на технологијата во Турција. 

Оваа вакцина ќе ја произведува и Србија. 

Слично

Поврзани вести