Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турците ја „освојуваат“ Црна Гора: Отворија фирми, а сега ги преземаат и аеродромите

Турците ја „освојуваат“ Црна Гора: Отворија фирми, а сега ги преземаат и аеродромите

Турскиот ТАВ би можел под закуп да ги земе аеродромите во Подгорица и Тиват, а како што пренесуваат медиумите од Црна Гора, таа турска компанија досега покажала најголем интерес за закуп.

Оваа компанија управува со аеродромите во регионот - Во Македонија со охридскиот и аеродромот во Скопје, а во Хрватска со Фрањо Туѓман во Загреб.

Аеродромот во Скопје компанијата ТАВ го презеде во 2012 година со концесија на 30 години, и во него се вложени 110 милиони евра, додека во охридскиот се вложени 10 милиони евра.

Иако од јавната расправа поминале седум месеци, црногорската Влада уште го разгледува концесиониот акт кој поради недостатоци е вратен на доработка.

Повеќе пати е најавувано дека ќе се најде пред премиерот и министрите, но тоа до денес не се случило, а една од причините е тоа што Социјалдемократите од СД барале да се отстранат неколку, како што тврдат, значајни недостатоци кои и понатаму постојат во консесионите документи.

Моментно повеќе од 2000 фирми на кои се основачи државјани на Турција водат бизнис во Црна Гора. Најмногу ги има на црногорското приморје, посебно во Будва и Црна Гора.

Интересот за вложување во Црна Гора кај турските бизнисмени е се поголем од ден во ден, рекол и Ертас Гунгор претседател на Асоцијацијата на турски бизнисмени и инвеститори во Црна Гора.



Foto: Anadolija

Слично

Поврзани вести