Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турците им го презедоа првото место на Грците како најбројни туристи во Македонија

Турците им го презедоа првото место на Грците како најбројни туристи во Македонија

Се зголемува бројот на странски туристи кои доѓаат во Македонија. Паралелно со тоа расте и бројот на ноќевањата остварени во земјава од странци.  Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на странски туристи кои минатата година дошле во Македонија изнесува 399 680, а додека ноќевањата на туристите изнесуваат  881 375.

Во 1991 година, кога Македонија стана самостојна држава, бројот на странски туристи изнесувал 294 323, но потоа почнува да паѓа се до 1998 година. Потоа се забележува нагорен тренд, и практично бројот на туристи расте во 1999 и 2000 година, но потоа во 2001 година, поради воениот конфликт има драстичен пад. Опоравувањето започнува во следните години, но со поблаг интензитет, а бројот на странски туристи што Македонија го има во 1991 година се, земјава успева да го повтори дури во периодот меѓу 2010 и 2011 година, од кога го надминува и продолжува да се зголемува.

       Година            Доаѓања               Ноќевања 

1991 година

 294 323

 576 338

1992 година

 219 062

 382 376

1993 година

 208 191

 362 663

1994 година

 185 414

 335 530

1995 година

 147 007

 275 749

1996 година

 136 137

 277 265

1997 година

 121 337

 265 524

1998 година

 156 670

 359 538

1999 година

 180 788

 474 394

2000 година

 224 016

 493 867

2001 година

 98 946

 212 751

2002 година

 122 861

 274 720

2003 година

 157 692

 346 200

2004 година

 165 306

 360 589

2005 година

 197 216

 442 988

2006 година

 202 357

 442 845

2007 година

 230 080

 518 088

2008 година

 254 957

 587 447

2009 година

 259 204

 583 796

2010 година

 261 696

 559 032

2011 година

 327 471

 755 166

2012 година

 351 359

 811 746

2013 година

 399 680

 881 375

Според официјалната статистика, минатата година, странските туристи најмногу доаѓале во август, потоа во јули, септември и во јуни.

Странски туристи во 2013 година

  • Јануари                             16 373
  • Февруари                          15 390
  • Март                                    22 776
  • Април                                 27 784
  • Мај                                       44 851
  • Јуни                                    46 303
  • Јули                                    47 290
  • Август                                49 123
  • Септември                        46 841
  • Октомври                         41 783
  • Ноември                           20 876
  • Декември                         20 290

Странските туристи спијат во хотели со 4 звездички

Според податоците, странските туристи најмногу доаѓале во Скопје. Односно, лани во Скопје дошле 149 027 странски туристи, додека во 2012 имало 134 217, во 2011 година главниот град го посетиле 125 407 странски туристи, а во 2010 година имало 110 365 странски туристи, а во 2009 година во Скопје дошле 107 962 странски туристи.

Мал број од нив, или 4 025 ги посетиле бањските места, нешто повеќе или 16 130 биле во планиските места, а додека поголемиот дел ги посетиле останатите туристички места во земјава, каде пак се остварени најмногу ноќевања.

                                      2009 год. 2010 год.  2011 год.  2012 год.  2013 год.

СТРАНСКИ

  259 204

  261 696

  327 471

  351 359

  399 680

Скопје

  107 962

  110 365

  125 407

  134 217

  149 027

Бањски места

  4 307

  3 886

  4 040

  3 604

  4 025

Планински места

  12 354

  13 287

  13 209

  13 733

  16 130

Други туристички места

  89 662

  82 135

  104 083

  113 328

  139 453

Други места

  44 919

  52 023

  80 732

  86 477

  91 045

Странските туристи кои дошле во земјава најмногу спиеле во хотели или од 399 680 странски туристи, дури 361 724 спиеле во хотели, 7 290 спиеле во мотели, 2 599 во преноќишта, 3 683 во бањски лекувалишта, 4 793 во кампови, 2 587 во соби а издавање, во коли за спиење 1 748 а во некатогоризирани објекти сипеле  6 581  странски туристи.

Сепак, податоците покажуваат дека странците најмногу ги сакаат хотелите со 4 звездички. Односно од вкупно 361 724 странски туристи кои спиеле во хотели во земјава, дури  133 630 спиеле во хотели со четири звездички. Втори на листата се хотели со пет звездички каде спиеле 88 796 странски туристи. Во хотели со три звезди спиеле 86 459 странски туристи. Во хотели со две звезди спиеле 38 701 ,а во хотели со една звезда спиеле 13 688 странски туристи.

Турците, Грци и Срби најчести гости

Туристите од Турција лани биле најбројни. Односно лани во Македонија од Турција дошле 68.124 туристи, а споредено со пред четири години бројот на туристи од Турција е поголем за четири пати. Односно во 2009 година во Македонија од Турција дошле 16 962 туристи.

Следни на листата туристи кои во најголем број ја посетуваат Македонија се грчките туристи. Па така, лани во земјава имало 46 184 туристи од Грција. И бројот на грчки туристи во однос од пред четири години е зголемен за два пати. Односно во 2009 година во Македонија имало 22.253 грчки туристи.

Трети на листата туристи кои во најголем број ја посетуваат Македонија се српските туристи. Па така, лани од во земјава имало 38 127 туристи од Србија, што е благ пад во однос на 2009 година кога имало 38 744 туристи од Србија. Сепак, падатоците покажуваат дека намалувањето на бројот на туристи од Србија се случува во 2010 година кога имало 35 840 туристи и во 2011 година кога имало 35 692 туристи. Веќе во 2012 година има благ раст и изнесува 36 530 туристи од Србија , а лани бројот на туристи од оваа земја се приближува на бројот што е достигнат од пред четири години.

Холанѓаните се исто така едни од најбројните туристи во земјава. Лани дошле 25 542 туристи оттаму. Во споредба со пред четири години бројката на туристи од Холандија во Македонија е зголемена за пет пати. Односно во 2009 година во Македонија имали само 4 988 туристи од Холандија.

Иако се на листата најбројни гости, сепак бројот на туристи од Бугарија во Македонија е намален во споредба со пред четири години. Па така, лани Македонија ја посетиле 20 914 туристи од Бугарија, а пред четири години дошле 23 619 бугарски туристи. Намалување на бројот на бугарски туристи е заблежано во 2010 година кога дошле 15.513 , но сепак во последните три години има раст на овааа бројка, иако се уште е далеку од бројот достигнат во 2009 година.

Слична како со бугарските туристи е и состојбата со туристите од Албанија. Лани од оваа земја во Македонија дошле 16 982 туристи, а во 2009 година имало 19.757 туристи од Албанија во Македонија. Бројот на албански туристи од 2010 година постојано се намалува, се до лани кога е забележан раст, но се уште не е вратено на нивото од пред четири години.

                                          2009 год.  2010 год.  2011 год.  2012 год.   2013 год.

СТРАНСКИ ТУРИСТИ

  259 204

  261 696

  327 471

  351 359

  399 680

Австрија

  6 437

  6 143

  5 681

  6 275

  8 376

Албанија

  19 757

  17 110

  13 614

  13 412

  16 982

Белгија

  1 839

  1 848

  2 519

  3 716

  5 104

Белорусија

   178

   101

  1 151

   329

   314

Босна и Херцеговина

  4 672

  5 619

  4 959

  4 740

  4 540

Бугарија

  23 619

  15 513

  18 541

  19 815

  20 914

Велика Британија

  5 309

  5 647

  6 139

  6 278

  6 935

Германија

  9 795

  9 573

  9 822

  11 306

  13 065

Грција

  22 253

  26 843

  45 509

  43 976

  46 184

Данска

  1 338

  1 273

  1 251

  1 307

  1 811

Естонија

-

   176

   260

   390

   336

Ирска

   610

   745

  1 500

   715

   738

Исланд

   161

   164

   137

   99

   107

Италија

  6 050

  6 181

  7 140

  7 926

  7 894

Кипар

-

   194

   675

   570

   792

Косово

-

  9 480

  9 829

  9 613

  11 887

Латвија

-

   239

   308

   587

   738

Литванија

-

   251

   280

   729

   722

Луксембург

-

   53

   107

   71

   134

Малта

-

   23

   60

   274

   61

Норвешка

  1 618

  1 503

  1 212

  1 499

  1 638

Полска

  5 827

  6 182

  6 758

  7 490

  12 980

Португалија

   601

   655

   727

   835

   736

Романија

  2 677

  3 351

  3 882

  4 964

  6 444

Руска Федерација

  1 872

  2 848

  3 545

  3 613

  4 538

Словачка

  1 140

  1 082

  1 099

  1 277

  2 551

Словенија

  13 970

  12 606

  14 063

  13 252

  13 404

Србија

  38 744

  35 840

  35 692

  36 530

  38 127

Турција

  16 962

  20 047

  39 251

  50 406

  68 124

Украина

   772

   981

  1 042

  1 699

  3 017

Унгарија

  3 365

  3 492

  3 342

  2 829

  3 361

Финска

  1 220

  1 233

  3 432

  2 379

  1 018

Франција

  4 914

  4 858

  4 901

  5 663

  5 180

Холандија

  4 988

  6 612

  22 219

  27 121

  25 542

Хрватска

  12 519

  12 791

  13 885

  13 939

  12 722

Црна Гора

  2 653

  4 180

  3 522

  3 197

  3 498

Чешка

  2 583

  2 423

  2 695

  2 830

  2 875

Швајцарија

  1 848

  2 153

  2 733

  3 041

  2 861

Шведска

  2 355

  2 530

  2 702

  2 654

  3 421

Шпанија

  2 091

  1 711

  1 726

  1 801

  1 972

Други европски земји

  9 486

  4 274

  2 947

  2 458

  3 175

Јужна Африка

-

   32

   52

   61

   89

Други африкански земји

-

   196

   356

   272

   650

Канада

  1 257

  1 247

  1 366

  1 465

  1 532

САД

  7 826

  7 655

  8 082

  7 773

  9 258

Други северноамерикански земји

-

   451

   636

   287

   707

Бразил

-

   142

   252

   411

   626

Други земји од Јужна и Средна Америка

-

   229

   408

   676

   735

Израел

  6 110

  2 885

  3 309

  3 278

  3 461

Јапонија

  1 268

  1 621

  2 194

  2 488

  2 458

Кина

-

   853

  1 664

  2 828

  4 075

Кореја, Република

-

   686

  1 070

  1 179

  1 722

Други азиски земји

-

  2 015

  2 755

  2 676

  3 194

Австралија

  2 784

  3 967

  3 974

  5 668

  5 687

Нов Зеланд

   203

   207

   253

   273

   447

Други земји од Австралија и Океанија

-

   982

   243

   419

   221

Други воневропски земји

  5 533

-

-

-

-

 Н.С.

Слично

Поврзани вести