ТУРЦИТЕ И СОСЕДИТЕ НАЈБРОЈНИ ТУРИСТИ - 10,3 отсто раст кај странските посетители, но домашните се намалиле
Нов раст на бројот на туристи регистрираше Државниот завод за статистика за минатата година. Според најновите податоци кои ги објавија, вкупниот број на туристите во земјата лани бил поголем за 6 отсто споредено со 2024 година.
Притоа кај странските туристи кои ја посетиле Македонија има зголемување од 10,3 проценти.
Но, кај домашните гости е забележано намалување од 2,2 проценти, покажуваат податоците на ДЗС.

- Бројот на ноќевањата, пак, бележи раст од 0,8 отсто. Кај домашните туристи има намалување за 4,1 процент, а кај странските раст од 6,4 отсто.
Во декември 2025 година, од вкупниот број туристи, 36,7 отсто биле домашни, а 63,3 проценти се странски туристи.
Бројот на ноќевањата во декември 2025 година изнесува 112.001, од кои 42,4 отсто се од домашните туристи, а 57,6 проценти од странските - се појаснува во соопштението.
Најбројни повторно се посетителите од Турција, кој последниве години „навалија“ во Македонија. Покрај нив, меѓу најбројните се нашите соседи.

Фото: Вангел Тануровски
