ТУРЦИТЕ ДЕНЕС ГЛАСААТ: Изборите голем тест за Ердоган
Во Турција денес се одржуваат локални избори кои, како наведува АП, ќе бидат тест за претседателот Реџеп Таип Ердоган, односно неговата популарност во момент на економска рецесија.
Повеќе од 57 милиони луѓе ќе гласаат на околу 200 000 изборни места во 922 окрузи. Граѓаните ќе бираат претставници во локалните собранија, како и десетина илјади соседски, односно селски администратори кои се нарекуваат „мухтари“.
АП наведува дека Ердоган не изгубил ниедни избори откако неговата партија на правдата и развој дошла на власт од 2002 година.
Таа партија нашла сојузници во партијата Националистичко движење и Партија на големото единство кои се обединети во коалицијата Народна алијанса.
Владеачката партија се натреварува за градоначалнички места во 27 градови, националистите во три, а заедно, како коалиција, ќе бидат во борба за места во 21 град.
Foto: AP
