Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турција забрани на медиумите да пишуваат за убиството на Карлов

Турција забрани на медиумите да пишуваат за убиството на Карлов

Судот во Анкара им забрани на медиумите да пишуваат за истрагата за убиството на рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов, пренесе ТАСС, повикувајќи се на агенцијата Анадолија.

Судската одлука е донесена како одговор на барање на обвинителството во Анкара. Забраната се однесува поконкретно за дистрибуција на видео од местото, а исто така и за информации за осомничени лица. Ова ќе важи до завршување на истрагата.

Андреј Карлов беше убиен со 5 куршуми при напад на 19 декември во Анкара. Тогаш тој присуствуваше на отворањето на изложба на фотографии.

Турските власти сметаат дека имамот Фетулах Ѓулен е вмешан во нападот, но тој негираше. 


Слично

Поврзани вести