Турција уапси 40 странци за врски со ИД
Турција уапси 40 странци за врски со групата „Исламска држава“.
Турската полиција уапси при акции во Истанбул 40 странски државјани, осомничени за врски со групата „Исламска држава", пренесоа агенциите, повикувајќи се на агенцијата Анадолија.
Полицајците извршиле акции на 23 адреси во истанбулскиот кварт Фатих.
Меѓу уапсените има државјани на Авганистан, Иран, Ирак и Азербејџан.
За некои од осомничените има информации дека биле во конфликтни области во Сирија.
Слично
