Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турција уапси 32 000 луѓе во истрагата против членови на ФЕТО

Турција уапси 32 000 луѓе во истрагата против членови на ФЕТО

Турција уапси 32.000 лица во рамките на истрагата против членови на ФЕТО (терористичка организација), соопшти турскиот министер за правда Бекир Боздаг, цитиран од агенциите.

Во интервју за турската телевизија НТВ, Боздаг рече дека против 70.000 лица се поведени постапки под сомнение за врски со исламскиот проповедник Фетхулах Гулен кој живее во САД и кој е обвинет од владата дека стои зад обидот за државен удар во Турција на 15 јули.

Турција гради нов суд во градот Синџан, во близина на главниот град Анкара, и има потреба од уште судови, за да бидат судени сите следбеници на Гулен, вмешани во обидот за преврат, рече Боздаг.

Турција го смета движењето на Гулен за терористичка организација.


Слично

Поврзани вести