ТУРЦИЈА: Уапсени 100 полицајци под сомнение дека го прислушкувале Ердоган
Околу 100 полициски функционери и службеници се уапсени во Турција денеска, под сомнение дека го прислушкувале турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган и други истакнати турски политичари.
Во акцијата се уапсени активни и поранешни истакнати полициски функционери, од кои најголемиот број од Анкара, Измир и Дијарбакир, а весникот Хуриет наведува дека рации истовремено биле извршени во 22 градови, од кои само во Истанбул се претресувале повеќе од 200 локации.
Според западни медиуми, ова е пресметка на Ердоган со неговите неистомисленици во пресрет на претседателските избори во Турција, закажани за 10 август.
Уапсените се сомничат за шпионажа, неовластено прислушкување, кривотворење на официјани документи, кршење на кравата на приватност, фабрикување на докази и кршење на тајноста на истрагата.
Ердоган ги обвинува приврзаниците на својот поранешен сојузник Фетулах Гулен дека имаат преголемо влијание во турската полиција и судството и дека пред локалните избори во март му наместиле корупциски скандал за да го симнат од власт.
Слично
