Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турција ставена на нова мака - Фич и го намали кредитниот рејтинг на ниво на отпад

Турција ставена на нова мака - Фич и го намали кредитниот рејтинг на ниво на отпад

Турција се соочува со нов предизвик кој може дополнително да ги загрижи инвеститорите и финансиските институции откако меѓународната агенција за оценка на кредитниот рејтинг „Фич“ го намали турскиот на ниво „отпад“, потенцирајќи ги случувањата во политиката и безбедноста, кои ги поткопуваат економските показатели и институционалната независност.

Суверениот долг на Турција беше намален до „ББ плус“ со стабилна перспектива, се наведува во соопштението на „Фич“.

- Внесување на измени во Уставот, кои можат да бидат одобрени на референдум следните месеци воспоставува систем во кој ќе биде разурната вземната контрола и балансот на властите - се додава во соопштението.

Според агенцијата масовните чистки во јавниот сектор по обидот за преврат ги обесхрабруваат некои од учесниците во економијата, а серијата терористички напади ја нарушиле довербата на потрошувачите и предизвикале штети во туристичкиот сектор.  


Слично

Поврзани вести