Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турција состави „црна листа“ на германски компании

Турција состави „црна листа“ на германски компании

На германските власти Турција им достави список со над 680 компании осомничени за поддршка на тероризам. 

Оваа информација ја објавија западните медиуми повикувајќи се на извор во службите за безбедност.

Бројката е речиси 10 пати поголема од првично соопштената од германски медиуми.

Германски „Цајт“ објави дека на списокот се големи концерни како Дајмлер и БАСФ. За ова заменик-премиерот на Турција, Мехмет Шимшек, на „Твитер“ напиша дека наводите се „целосно невистинити“.

Весникот објави дека турската Влада на Берлин му доставила листа на физички лица и компании за кои Анкара смета дека го поддржуваат тероризмот и дека се поврзани со движењето на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен. Него турските власти го обвинуваат дека го организирал ланскиот обид за пуч во земјата кој пропадна. 

Слично

Поврзани вести