Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турција: Предлог-закон за стимулирање на наталитетот и олеснување на работните обврски на мајките

Турција: Предлог-закон за стимулирање на наталитетот и олеснување на работните обврски на мајките

Се очекува следниот месец во турскиот Парламент да биде поднесен нацрт-закон за стимулирање на наталитетот и олеснување на работните обврски на мајките во Турција.

Проектот е изготвен од четири министерства и претставници на Конфедерацијата на синдикати на вработените во државната управа.

Со нацрт-законот мајките на мали деца или вработените кои посвоиле дете, имаат право да работат по половина од работното време во период од 69 месеци - до навршување на возраст за почнување на децата во училиште.

За оние мајки кои работат преку целиот ден, предвидено од државата да се плаќаат надоместоците за јасли и детски градинки.

Државата ќе ги презема и трошоците за сите расходи за мајки кои ќе бидат подложни на ин витро процедури. Се очекува и воведување еднократна финансиска помош за двојките кои склучиле брак.

Слично

Поврзани вести