Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турција прави обиди за спас на лирата

Турција прави обиди за спас на лирата

Централната банка на Турција ја зголеми каматната стапка за кредити кои се одобруваат за една ноќ за 75 базични поени.

Ова е со цел да и се помогне на ослабената лира, која загуби една четвртина од својата вредност во однос на доларот во изминатите години.

Комитетот на банка за монетарната политика соопшти дека каматната стапка за кредити за една ноќ е зголемена на 9,25% од 8,5%, што е второ зголемување на каматата од ноември лани. 

Еднонеделната REPO стапка, сепак го задржа нивото од 8%. 

Со оглед на тоа дека пазарите очекува уште поголемо зголемување на каматните стапки, лирата по објавувањето на веста од банка изгуби 1,25% од својата вредност во однос на доларот, паѓајќи на 3,8 лири за долар.

Лирата годинава пад од 8%, по двоцифрениот пад во 2015 година и 2016 година, додека инвеститорите се загрижени за политичката несигурност во земјата и забавување на турската економија.

Лирата се смета за една од најлошите валути, а зад неа е мексиканскиот пезос. 

Падот на лирата ја загрозува Турција. Надолниот притисок на турската лира предизвикува загриженост кај инвеститорите. 

Слично

Поврзани вести