Економија, финансии, бизнис

Контакт

Tурција постави нов рекорд, денес над 12.000 заразени

Tурција постави нов рекорд, денес над 12.000 заразени

Нов рекорд има во Турција. Земјата денес забележа 12.381 случај на коронавирус, што е најголем број на дневни инфекции од средината на мај. 

Бројот е скоро тројно зголемен од почетокот на јули, според податоците на Министерството за здравство. За 24 часа 58 луѓе починале од ковид 19, објави Ројтерс. Бројот на заразени е сè уште далеку под бранот што ја погоди Турција во текот на април и мај, кога имаше повеќе од 60.000 заразени дневно. 

Последните ограничувања беа укинати во јули. На 4 јули бројот на заразени се намали на 4.418. Во многу земји расте бројот на заразени со коронавирусот. 

unsplash.com

Слично

Поврзани вести