Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турција нема да дозволи напади врз ИСИЛ од нејзина територија

Турција нема да дозволи напади врз ИСИЛ од нејзина територија
Коалициските сили предводени од САД нема да имаат одобрение да ја напаѓаат Исламската држава во Ирак од турска територија. Откако американскиот претседател Барак Обама најави широка меѓународна коалиција која ќе преземе сеопфатни напади врз џихадистите во Ирак и Сирија, официјална Анкара категорично се изјасни дека нема да биде дел од воените операции. „Турција нема да учествува ниту во каква било воена операција, но во целост ќе биде сконцентрирана на хуманитарни операции“, изјавил претставник на турската Влада. Турција не им дозволи на САД ниту во 2003 година да стационираат 60.000 војници во Турција поради инвазијата врз Ирак, што тогаш доведе до напнатост во односите на Вашингтон и Анкара. Заради ваквите ставови, Турција добива критики дека индиректно ја промовира Исламската држава и ги поддржува исламистите, но Анкара ги отфрла овие тврдења. Напротив, Турција смета дека е жртва на оваа терористичка организација, чии џихадисти држат за заложници турски државјани, меѓу кои дипломати и деца, киднапирани од турскиот конзулат во Мосул на 11 јуни. Ова е една од причините заради кои Анкара се двоуми да преземе значајна улога во борбата со џихадистите, плашејќи се тоа да не го отежни ослободувањето на заложниците.
Слично

Поврзани вести