Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТУРЦИЈА НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Јилдирим бара Трамп да го испорача Ѓулен

ТУРЦИЈА НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Јилдирим бара Трамп да го испорача Ѓулен

Турскиот премиер Бинали Јилдирим денеска го повика новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп веднаш по неговата инагурација во јануари да го екстрадира имамот Фетулах Ѓулен. 

Тој од 1999 година живее во доброволен егзил во САД, а е обвинет од Анкара за организирање на неуспешниот државен удар од  15-ти јули.

Јилдирим се надева дека Трамп ќе ја има в предвид „чувствителноста на Турција во врска со борбата против тероризмот“, и ќе им даде приоритет на политиките што ќе донесат мир и стабилност во регионот, со што ќе се унапреди традиционалното пријателство меѓу двете земји.

Односите меѓу двата сојузника САД и Турција се влошија поради мислењата во Турција дека САД не сакаат да го приведат и екстрадираат проповедникот Ѓулен. 

Турските власти се незадоволни  од поддршката на Вашингтон за сириските Курди. 

Претходно Ердоган неколку пати побара да биде испорачан Ѓулен, по што од САД побараа да приложат докази за Ѓулен дека е вмешан во превратот. 


Слично

Поврзани вести