Економија, финансии, бизнис

Контакт

Tурција не сака да слушне за промена на границите на Балканот

Tурција не сака да слушне за промена на границите на Балканот

Tурција не сака промена на границите  на Балканот. Ваква порака испрати турски политичар при посета на БиХ. Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска во Сараево изјави дека неговата земја одлучно одбива каква било дискусија за можни гранични промени на Балканот. Рече дека Турција сака да ја види зачувана стабилноста во регионот, со јакнење на соработката меѓу земјите.

Тој престојуваше во официјална посета на Босна и Херцеговина, каде што пристигна од Словенија. По состанокот со министерката за надворешни работи на БиХ Бисера Турковиќ, тој им изјави на новинарите дека во Љубљана добил уверување дека тамошните власти во никој случај не стојат зад нон-пејперот што се појави во медиумите и со кој се сугерира на потребата за промена на границите на регионот за да се формираат големи етнички држави, а БиХ да се подели.

Министерката Турковиќ потврди дека од Чавушоглу добила уверувања дека Турција силно ги поддржува територијалниот интегритет и суверенитет на БиХ.

Чавушоглу рече дека дури и дебата за суверенитетот или територијалниот интегритет на БиХ или која било земја во регионот ја загрозува стабилноста не само на таа земја туку и на нејзините соседи, регионот и континентот.

Неодамна се појавија два нон пејпери, при што во нив фокусот беше ставен на поделба на БиХ и Косово. 

САД и ЕУ се против промена на границите во регионот и предупредија дека тоа може да ја загрози стабилноста. 

Слично

Поврзани вести