Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турција мора да му плати отштета на Кипар

Турција мора да му плати отштета на Кипар
Турција ќе мора да му плати 90 милиони евра отштета на Кипар заради инвазијата во 1974 година и поделбата на островот, одлучи Европскиот суд за човекови права. Од вкупната сума, 30 милиони евра Турција ќе треба да им исплати на семејствата на исчезнатите во воените операции, а 60 милиони евра како отштета на грчкото етничко население на полуостровот Карпас, кое по инвазијата остана во енклавата. По турската инвазија, островот Кипар до денес е поделен на два дела - северен и јужен. Јужниот дел на островот, познат како Република Кипар, е член на Европската унија од 2004 година. Северниот дел на Кипар, пак, е признаен како посебна држава само од Турција. Лидерите на кипарските Грци и Турци во февруари годинава, по 20 месечна пауза ги продолжија преговорите за обединување на Кипар, со надеж дека е можно решение до крајот на годинава.
Слично

Поврзани вести