Турција ќе стане нуклеарна сила?
Во наредните десет години со израдба на две нуклеарни централи Турција планира да стане нуклеарна сила.
Во покраината Мерсин на медитеранското крајбрежје се планира да биде изградена првата нуклеарка „Акују“, која што треба да ја гради руската државна компанија „Росатом“ , додека втората нуклеарна централа која што ќе се наоѓа во северната провинција Синоп на црноморскиот брег, ќе ја гради јапанско-француски конзорциум.
Планот на Турција е да задоволи 10 проценти од електричната енергија, до 2023 година и да ја намали зависноста од увоз на нафта и гас.
Според најавите државата исто така има за цел да изгради и трета нуклеарна централа, но се зависи од перформансите на „Акују“ и „ Синоп“.
Слично
