Турција ќе ги ревидира прогнозите за економскиот раст за идната година?
Поради очекуваното ограничување на програмата за стимулирање на растот на американската економија, тензиите на Блискиот Исток и ризикот од поскапување на нафтата, Турција би можела да ги ревидира прогнозите за својот економски раст за идната година, од сегашните пет, на четири проценти, објави турскиот весник на англиски јазик „Хуриет Дејли Њуз“.
Турската економија, лани, забележа раст од 2,2 проценти, што беше многу под нивото на раст во претходните години. За 2013 година турската Влада предвидуваше раст на бруто домашниот производ од четири отсто, а за до година од дури пет проценти.
Сепак, прогнозите за оваа година се веќе ревидинарани и според најновите предвидувања, се очекува економскиот раст да не биде поголем од три пртоценти.
Економски експерти за весникот оценуваат дека ограничувањето на програмата на американската Управа на федералните резерви за стимулирање на економијата на САД, намалувањето на приливите на средства во Турција, кризата во Сирија и ризикот од нејзино проширување во регионот на Блискиот Исток, случувањата во Египет, растот на цената на нафтата и глобалните економски проблеми, претставуваат ризик за растот на турксиот БДП.
Слично
