Турција ја подигна прогнозата за инфлацијата од 5,3 на 6,2 проценти
Турската централна банка ја подигна прогнозата за инфлацијата за оваа година од 5,3 на 6,2 проценти, бидејќи се обидува да ја одбрани домашната валута лира и да го зачува растот, пренесоа агенциите.
„Ја ревидиравме на нагоре проценката за инфлација за 2013 година за 0,9 поени, земјаќи ги предвид девизниот курс и сената на нафтата“ изјави гувeрнерот на националната банка на Турција, Ердем Башчи.
Турската централна банка проценува дека инфлацијата во јули го достигна врвот од 9 отсто, па сега ќе почне постепено да се намалува.
Башчи проценува дека ваквата состојба произлегува од слабостите на глобалната економија и скромната домашна побарувачка кои ќе имаат „ограничувачко влијание“ на инфлацијата и во 2014 година.
Слично
