Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турција ја обвинува ЕУ за двојни стандарди

Турција ја обвинува ЕУ за двојни стандарди

Во Турција нема никаква закана за демократијата и за независноста на судството, а последниот извештај за напредокот кон ЕУ донесе огорченост и неспокојство, и заклучоците во него не може да се примат, изјави премиерот Бинали Јилдирим. 

Тој ја обвини ЕУ за двојни стандарди и дека не помогнала на Турција во најтешките моменти. 

„Досегашните критични извештаи ние ги пречекавме со разбирање и го направивме потребното според барањата, но додека очекувавме ЕУ да биде секогаш до нас во борбата против тероризмот, Европа пропагира во корист на ПКК и си дозволува да ни предава лекции по демократија“ - посочи Јилдирим на редовното заседание на парламентарната група на владејачката партија. 

Тој го нагласува фактот дека во последно време се зајакнуваат негативните коментари и критики кон Турција, но тие се неосновани.

Премиерот вели дека на 15 јули Европа не дала поддршка на Турција и не реагирала соодветно. 

„ЕУ прво треба да престане со мисијата на портпарол на терористите, како и да ја прекине поддршката за терористичките групи и нивните политички претставници, и да го направи својот избор“ - рече тој. 

Додава дека за правниот поредок немаат право да говорат европските амбасадори. 

Слично

Поврзани вести