Турција итно го менува Уставот поради Ердоган
Турскиот премиер, Бинали Јилдирим изјави дека измените во Уставот на земјата се нешто задолжително.
Тој рече дека создавањето на нов основен закон на земјата е итно, пренесе агенцијата Андолија.
Создавањето на претседателски систем на управување е на дневен ред, откако претседателот на земјата, Реџеп Таип Ердоган беше избран во август 2014 година.
Според законот, должноста е претежно симболична.
„Одлуката ќе биде усвоена од парламентот или од народот. Ние наскоро ќе внесеме нов Устав во парламентот"- рече премиерот.
Промената на системот на управување во земјата е оспорувана од трите опозициски партии во турскиот парламентот и владејачката Партија на правдата и развојот.
Слично
