Турција има над 20.000 заразени за 24 часа
Се зголемува бројката на новозаразени во Турција, при што има 20 илјади заболени во последното деноноќие.
За едно деноноќие има 204 починати од коронавирусот во Турција. Во текот на изминатиот ден, 15.561 пациенти оздравеле. Повеќе од 88 милиони дози од вакцини против коронавирусот се дадени во земјата од почетокот на масовната кампања за вакцинација, започната во Турција на 14 јануари. Откако почна пандемијата, многу турски градови беа во карантин. Во Турција веќе нудат и четврта доза од вакцините против коронавирусот.
Истанбул, Турција / Фото: EPA-EFE/SEDAT SUNA
Слично
