Tурција го зголеми данокот за штедење во девизи
Турција го зголеми данокот на депозити во странски валути, а го укина данокот за штедење во лири.
Со ова државата се труди да ја зајакне домашната валута.
Данокот за чување на девизи на сметка во банка за период од 6 месеци е зголемен од 18 на 20%.
Во исто време данокот за штедење во лири е намален од 10% на нула.
По овој потег лирата зајакна за 2.1% во однос на доларот.
Курсот сега е 6,51 лири за еден долар.
Оваа година лирата изгуби 40% од вредноста поради нарушени американско - турски односи.
Слично
