Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турција го прекина емитувањето на 10 курдски телевизии

Турција го прекина емитувањето на 10 курдски телевизии

Турските власти ги прекинаа емитувањето на десет телевизиски канали кои вршат пренос на курдски јазик или ги сметаат за прокурдски.

Мерката доаѓа во текот на продолжената вонредна состојба во земјата по превратот од 15 јули, соопшти претставник на локалната власт во претежно со Курди населениот град Дијарбакир. 

Меѓу укинатите е и првиот детски телевизиски канал на курдски јазик Zarok TV. Вкупно четири од каналите се емитувале на курдски јазик, три имале мешани курдски и турски програми, а останатите три се сметале за прокурдски настроени.

Според анонимен извор укинати се и две радио станици кои емитуваат програма на турски и курдски јазик. 

Владата во Анкара воведе тримесечна вонредна состојба по превратот во јули. Доцна вчера турскиот Совет за безбедност, на чело со Ердоган, најави продолжување на состојбата, што треба да истече во октомври.

Новите мерки за безбедност доведоа и до масовна чистка во земјата, која ги засегна армијата, полицијата, државната администрација, образовните институции, разузнавањето и речиси сите министерства.

Иако како главен организатор на превратот Анкара ги посочи проповедникот кој живее во САД, Фетулах Ѓулен, под удар на власта се и Курдите.





Слично

Поврзани вести