Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТУРЦИЈА ГО ОДБИ СОЧУСТВОТО ОД САД - Знаеме од каде е координиран нападот

ТУРЦИЈА ГО ОДБИ СОЧУСТВОТО ОД САД - Знаеме од каде е координиран нападот

Министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу за медиумите изјавил дека Турција не ја прифаќа пораката со сочувство за терористичкиот напад од САД.

Министерот Сојлу даде изјави за бомбашкиот напад на улицата „Истиклал“, наведувајќи дека сторителот е фатен. Сојлу посочи оти лицето кое го извршило бомбардирањето добило наредба од милитанските групи од Сирија, при што Сојлу дополни „Не ја прифаќаме пораката за сочувство од американската амбасада“, поради тоа што САД ги поддржувале овие групи во минатото.

- Знаеме од каде е координиран нападот. Знаеме што значи пораката испратена до нас. Не прифаќаме сочувство од Амбасадата на САД - рече тој и дополни дека сторителот ќе побегнал во Грција доколку не бил фатен. 

- Ние не сме ничии непријатели. Не можеме повеќе да го толерираме ова предавство. Улицата Истиклал е „наше дете“. Знаеме каква порака добиваме. Терористите се фатени. Да не ги фатевме, ќе побегнеа во Грција. Денес се соочуваме со терористичка структура која знаеме да ја координираме. Нема смисла да се разговара за пиони - потенцирал тој, и додал дека досега спречиле 200 терористички напади.

- Во техничкото прислушување по инцидентот, инструкцијата на терористичката организација беше да се убие терористот. Јасно е дека постои план да се убие терористот и да се спречи да ги решиме последиците од инцидентот. Ваков вид на терористички инциденти не сме виделе во Истанбул 6 години. Годинава спречивме 200 терористички напади. Не смееме да попуштиме. Многу е јасно дека и нападот на Мерсин и овој напад дојде по наредба на Манбиџ и Кобане - потенцира Сојлу.


Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер претходно изјави дека САД го осудуваат чинот на насилство што се случи во Истанбул и им изразува сочувство на семејствата на жртвите.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести