Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турција е лидер во Европа со високата инфлација, дури и Украина е со помала стапка

Турција е лидер во Европа со високата инфлација, дури и Украина е со помала стапка

Македонија има највисока стапка на инфлација во регионот, a Турција e прва во Европа.

Стапката на инфлација во Турција е 88 отсто, а веднаш потоа на листата, но со трипати помала стапка е Украина со 26,6 отсто, додека во регионот на врвот на листата е Македонија со речиси 20 отсто. Во Бугарија инфлацијата е 18 отсто, во Романија  15,3 отсто, Грција – меѓу 5 и 10 отсто, во Србија е околу 15 отсто, а  во Хрватска – 13,5 отсто. 

Статистиката на „Вижуал капиталист“ илустрира што се случува во Европа и покажува кои земји најмногу страдаат од инфлацијата.

По Украина веднаш се Литванија (23,6 отсто), Естонија (22,5 отсто), Летонија (21,8 отсто) и Унгарија (21,1 отсто). Ова се земјите каде што инфлацијата е далеку над европскиот просек и се движи околу 10 отсто.

Данска и Португалија се со (10,1 отсто), Норвешка (7,5) и апсолутниот шампион е Франција – 6,2 отсто. Италија и Австрија се блиску до европскиот просек со 11,8 и 11 отсто соодветно. 

Слично

Поврзани вести