Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТУРЦИЈА: Двајца терористи се разнесоа - полицијата апси

ТУРЦИЈА: Двајца терористи се разнесоа - полицијата апси

Двајца терористи од екстремистичката организација „Маоистичка комунистичка партија“ се разнесоа во турскиот округ Тунџели, кои не сакаа да се предадат на полицијата, објави денеска весникот „Милиет“. 

Полиција опколила куќа во селото Енидогду, во која се наоѓале борци и им наредила да се предадат.

Но, тие одбиле да го сторат тоа, се затвориле во бањата и активирале рачна граната.

За време на претресот се пронајдени автоматска пушка и муниција, три гранати и рачно изработена експлозивна направа.

Во меѓувреме се уапсени четворица осомничени членови на џихадистичката група „Исламска држава“ (ИД) во округот Текирдаг.

Полицијата реализираше акција за апсење на џихадистите, кои се сириски државјани, во градот Черкезкој.

Слично

Поврзани вести