Турција донесе закон за амнестија за богатството
Турските власти со нов закон ќе ги примамува богатите Турци да ги вратат своите пати во земјата. Законот за т.н. амнестија за богатството овозможува Турците што имаат пари во странски банки да ги вратат во Турција без да бидат казнети или оданочени.
Притоа тие ќе треба да платат само два проценти данок на парите, но не и останатите давачки кои достигнуваат и до 40 отсто. Единствен услов за да можат да ја искористат амнестијата е пријавување на богатството до крајот на јули.
Во 2009 година во Турција беше применета слична програма, а во земјата влегоа 50 милијарди лири (28 милијарди долари).
Слично
