ТУРЦИЈА, ЦЕНТАР ЗА ТРГОВИЈА СО ГАС: Ја финализира мапата
До крајот на годината Турција ќе ја заврши мапата на трасата за да го оствари
својот долгогодишен сон да функционира како центар на трговијата со гас, изјави
министерот за енергетика и природни ресурси Фатих Донмез.
Донмез изјави дека земјата веќе има инфраструктура која ќе придонесе за таа цел, вклучувајќи седум цевководи за природен гас, пет објекти за течен природен гас (ТНГ), од кои три се пловечки складишта, како и единици за регасификација и два подземни складишта за гас, јавува Anadolu Agency.
Со оглед на уникатната географска локација на Турција, која се протега меѓу Европа и Азија, тој верува дека земјата е добро позиционирана да го премости јазот меѓу добавувачите и купувачите, обезбедувајќи многу придобивки.
На прашањето за соработката со Русија во областа на нафтата, Донмез рече дека тргувањето се базира на годишни договори.
Какви ќе бидат стратегиите за купување на нивните рафинерии кога ќе влезат во новата година е друга работа. Секоја рафинерија со месеци однапред планира колку нафта ќе троши годишно и од кои извори, а потоа нудат договори за купување“, објасни тој.
