Турција бара спас, немирите ја „потопија“
Турската централна банка ја намали една од своите референтни каматни стапки за да ја поттикне економијата.
Економијата на Турција оваа година е оптеретена со бомбашките напади и обид за државен удар,
Централната банка наведе дека ноќната каматна стапка ја намалила на 8,25 од 8,5 отсто, но дека неделната каматна стапка ја задржала на 7,5 отсто.
Во соопштението се наведува дека податоците за првото тромесечие укажале на „забавување“ на економските активности/
Турската економија оваа гоидна е под удар на низа екстремистички напади и неизвесност после неуспешниот воен удар од 15 јули во кој се убиени повеќе од 270 луѓе. Посебно е погоден туризмот, еден од најважните елементи на турската економија.
Слично
