Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турција бара од Фич да го преиспита кредитниот рејтинг за оваа земја

Турција бара од Фич да го преиспита кредитниот рејтинг за оваа земја
Турскиот министер за финансии Мехмет Шимшек побара од американската рејтинг агенција Фич да го преиспита кредитниот рејтинг на Турција. Шимшек тврди дека Турција расте со стабилно темпо и покрај надворешните предизвици. Според неговите зборови, грешка ќе биде доколку Фич го намали кредитниот рејтинг на Турција бидејќи „земјата расте со скромно, но одржливо темпо“ и покрај надворешните фактори како што се судирите во близина на турските граници и кревкото економско заздравување на Европа. „Да ја погледнеме пошироката слика. Имаме политичка стабилност дома и фискална дисциплина. Ќе биде грешка ако кредитниот рејтинг на Турција се намали заради надворешни фактори, како што се геополотичките тензии во регионот или можноста за подигање на каматната стапка од страна на американската Ценрална банка“, изјави Шимшек. Тој очекува годинава турската економија да оствари раст меѓу 3 и 3,5%. На почетокот на овој месец, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги обвини кредитните агенции Фич и Мудис за политички мотивирани проценки, па дури и им се закани со прекин на соработката, како што веќе претходно направи со агенцијата Стандард и Пурс.
Слично

Поврзани вести