Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турбината за Северен тек 1 стигна во Германија, Шолц лично ќе ја провери

Турбината за Северен тек 1 стигна во Германија, Шолц лично ќе ја провери

Гасната турбина за гасоводот „Северен тек 1“, која беше во центарот на продлабочениот енергетски конфликт со Русија, е во Германија по рутинското сервисирање во Канада, а германскиот канцелар Олаф Шолц планира да ја види лично денеска.

Русија ги наведе проблемите со турбината како причина за прекинот на испораката на гас преку гасоводот Северен тек 1, главната линија за снабдување со руски гас во Европа.

Сименс енерџи потврди дека денеска канцеларот Шолц ќе ја посети локацијата во Милхајман дер Рур, во северозападна Германија, каде што моментално се наоѓа турбината.

„Шолц, заедно со нашиот извршен директор Кристијан Бруч, ќе ја разгледаат турбината што беше сервисирана во Канада за потребите на гасоводот Северен тек 1 и сега е подготвена за понатамошен транспорт во Русија“, велат од компанијата.

Висок извршен директор на рускиот гасен гигант Газпром минатата недела изјави дека испораката на турбината во Германија, по завршувањето на сервисирањето во Канада, не е во согласност со договорот и оттогаш не беше јасно каде точно се наоѓа турбината.

Европската унија ги оспорува аргументите на Русија и Газпром дека проблемите со турбините се причина за наглото намалување на количината на испорачаниот гас преку гасоводот Северен тек 1, со кој гасот од Русија, под Балтичкото Море, се транспортира до Германија.

Намалувањето на испораките на гас го зголеми ризикот од недостиг на гас во Европа оваа зима.


Слично

Поврзани вести