Турбината пристигна од Канада во Германија, ама не ја прима Русија: Под санкции сме!
Враќањето на турбината на Сименс во Русија, која е претставена како неопходна за работа на гасоводот Северен тек 1, кој ја снабдува Европа со рпироден гас, е невозможно поради санкциите воведени кон Москва, соопшти денеска рускиот гасен гигант Газпром.
„Санкциите од Канада, Европската унија и Обединетото Кралство, како и недоследностите во моменталната ситуација во однос на договорните обврски на Сименс ја оневозможуваат испораката“, се вели во соопштението на Газпром.
Европските земји ја обвинуваат Москва дека бара изговор за одложување на враќањето на оваа турбина и дополнително намалување на испораките на гас поради тензиите околу Украина.
Гасната турбина за гасоводот „Северен тек 1“, која беше во центарот на продлабочениот енергетски конфликт со Русија, е во Германија по рутинското сервисирање во Канада, а германскиот канцелар Олаф Шолц вчера требаше лично да ја види.
Слично
