Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тунески обвинува: Место во енергетика,ЕЛЕМ и МЕПСО инвестираат во скијање

Тунески обвинува: Место во енергетика,ЕЛЕМ и МЕПСО инвестираат во скијање
Граѓаните денес плаќаат двојно поголеми сметки за струја отколку во 2007, а двете државни компании ЕЛЕМ и МЕПСО имаат милиони евра на своите сметки, обвини денеска Атанаско Тунески, член на Економско-социјалниот совет, СДСМ кој посочи дека последните шест години цената на електричната енергија произведена од ЕЛЕМ се покачи за повеќе од два пати, а цената за пренос на МЕПСО се покачи за над 2 и пол пати. Туневски повтори дека во последните шест  години ЕЛЕМ не започна изградба на нов производен објект и наместо да гради хидроцентрали и термоцентрали, најавува дека ќе инвестира 30 милиони евра во туристичкиот центар Попова Шапка што според него е нелогично бидејќи како што вели основна задача на ЕЛЕМ е да инвестира во нови производни енергетски капацитети и  да обезбеди што повеќе и  што поевтина домашна струја. „Пред 4 години вицепремиерот Ставрески најавуваше дека Македонија во 2012 ќе извезува струја, а денес Македонија увезува речиси 40% од своите потреби и за тоа годишно плаќа речиси 200 милиони евра. Овој увоз е една од главните причини зошто нема денес нема пари за образование, здравство, нема нови капитални инвестиции, нема пари за стечајните работници и социјалните случаи, и се зголемува долгот на државата“, изјави Туневски. Тој ги обвини ЕЛЕМ и МЕПСО дека место во енергетиката, вложуваат во зимските спортови. „Деновиве Владата продолжи да ја форсира идејата МЕПСО да биде носител на изградбата на целосно нов скијачки центар на Галичица. Оваа државна компанија претходно објави дека ќе потроши и еден милион евра за инвестиција во сноуборд патеки на Пониква. И ова е доказ дека Владата нема стратегија како да обезбеди поевтина струја. Парите собрани од граѓаните и префрлени на сметките на ЕЛЕМ и МЕПСО, Владата ќе ги потроши за подобрување на условите на скијачите, наместо за изградба на нови енергетски капацитети и модернизација на постојните“, рече Туневски.  
Слично

Поврзани вести