Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тунески: Наместо да инвестира МЕПСО се расфрла со пари

Тунески: Наместо да инвестира МЕПСО се расфрла со пари
Државната компанија МЕПСО наместо да инвестира и да вложува во енергетската мрежа и стабилно снабдување со електрична енергија во земјава таа се расфрла со пари за барокни фасади, рекламни кампањи и развој на ски – туризмот. Тоа е причината поради која 200 илјади граѓани останаа без нормално и редовно снабдување со струја, обвинија денеска од СДСМ од каде додаваат дека менаџментот на МЕПСО уште во 2011 година увидел дека има потреба од итни инвестиции во дистрибутивната мрежа во струшко – охридскиот и битолскиот регион но дека до сега тоа не било сторено. „Менаџментот на МЕПСО, во Студијата за развој на преносната мрежа изработена уште во јули 2011 година, увидел дека во охридиско-струшкиот и битолскиот регион се потребни итни инвестиции во преносната мрежа. До ден денес не е инвестиран ниту денар во овие капацитети“, истакна Атанаско Тунески, члена на Комисијата за енергетика на СДСМ. На ваквите обвинувања експресно реагираа од МЕПСО од каде велат дека ваквите тврдења се небулозни бидејќи како што велат само во 2013 година  биле реконструирани повеќе од 70 километри 110 киловатни далноводи на потегот Битола – Ресен – Охрид – Струга – Глобочица. Од компанијата додаваат дека одговорите за безнапонските состојби треба да се бараат на друга страна, а не кај МЕПСО. „Ако Атанаско Тунески има барем грам достоинство и политички кредибилитет треба да застане пред Шеќеринска и да ги повтори неговите ставови кои ги имаше за продажбата на ЕВН во 2006-та година“, велат од МЕПСО. На ваквите обвинувања реагираа и од ВМРО – ДПМНЕ од каде велат дека проблемот за недостиг на струја за кој говорел Тунески е работа во надлежност на приватна компанија и дека суштината за недостигот на струја Тунески најдобро ја знае.  
Слично

Поврзани вести