Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТУКА НАВИСТИНА НАЈУБАВО СЕ ЖИВЕЕ: Норвешка на врвот на листата, а каде се Македонија, Србија, Албанија?

ТУКА НАВИСТИНА НАЈУБАВО СЕ ЖИВЕЕ: Норвешка на врвот на листата, а каде се Македонија, Србија, Албанија?

„Legatum“ институт од Британија, го објави најновиот Индекс на просперитетот за 2015 година, во кој се оценуваат развојот и напредокот на 142 земји во светот.

Норвежаните се повторно на врвот на листата, веќе седум години по ред, а одма по неа се Швајцарија и Данска додека на дното се Хаити, Авганистан и Средноафричката Република. Што се однесува до Балканот, најдобро е позиционирана Хрватска, која се наоѓа на 53 место. По неа следуваат Црна Гора (60 место), Македонија (65 место), Србија (73 место), Албанија (83 место) и Босна и Херцеговина на 86 место.

Од поширокиот регион на Блаканот најдобро позиционирана е Словенија, кој се наоѓа на 25 место, а по неа се Словачка (35 место), Унгарија (45 место), Грција (49 место), Романија (50 место), и Бугарија која е на 51 место по просперитетот.

Индексот на просперитетот се користи како сигурен извор во истражувањето на развојот и економијата која ја постигнуваат земјите. Големата студија на институтот „Legatum“ нуди увид во степенот на просперитет на земјите во светот како и економско социјалните промени ширум светот.

Оваа истражување опфаќа 142 земји, што претставува повеќе од 96 осто од светската популација и 99 одсто на глобалниот бруто домашен производ. Резултатите се собираат врз основа на варирање (економски, бизнис, управувачки, образовен, личната слобода, здравство, сигурноста и општенствениот капитал) во просперитетните земји.

Деталната состојба може да ја погледнете во интерактивната мапа во продолжение:

Слично

Поврзани вести