Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТТК БАНКА продава сопствени акции вредни најмалку 230 илјади евра

ТТК БАНКА продава сопствени акции вредни најмалку 230 илјади евра
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на 76-тата седница,  со која претседаваше Претседателот на КХВ М-р Елизабета Чингаровска на ТТК Банка АД Скопје и даде одобрение да продаде сопствени акции по пат на јавна понуда. Станува збор за 25.960 обични акции кои претставуваат 2,86 проценти од вкупниот број на издадени акции од ТТК Банка АД Скопје кој изнесува 907.888 обични акции. Минималната продажна цена по акција е 546 денари по акција, а вкупната минимална продажна вредност на сопствените акции изнесува 14.174.160 денари. Јавната понуда ќе се смета за успешна доколку се продадат најмалку 60 проценти од понудените акции, пишува во соопштението на КХВ.  
Слично

Поврзани вести