Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТТК Банка ги зголеми каматните стапки на штедните влогови во денари од 1.7.2016 година

ТТК Банка ги зголеми каматните стапки на штедните влогови во денари од 1.7.2016 година

Од денеска ТТК Банка ги зголеми каматните стапки на денарските штедни влогови на физички лица, орочени на 3 и 6 месеци за 0,20 пп, односно за 0,50 пп на штедните влогови орочени од 12 до 60 месеци. Истовремено, од 1.7.2016 година се намалуваат каматните стапки на девизните штедни влогови во австралиски долар (AUD) до 1,30 пп, орочени од 1 месец до 60 месеци.

Новите каматни стапки се однесуваат на сите постојни и новосклучени договори за штедни влогови, со важност од 1.7.2016 година.

Новите каматни стапки се објавени на интернет-страницата на ТТК Банка www.ttk.com.mk, како и на огласните табли во експозитурите и филијалите на Банката.

Слично

Поврзани вести